Но, лондонската Invisibility Shield Co., напредуваше со идеите што ги имаа, очајно не успеа, но никогаш не се откажа. Речиси две години подоцна, тие пронашле сигурен и ефикасен механизам за да направат големи, но лесни штитови за невидливост кои би можеле да бидат на вашиот праг навреме за Божиќ.
Технологијата зад функцијата на штитот е прилично едноставна. Прецизно дизајнирана низа леќи работи за да ја одврати светлината од субјектот (зад штитот), подалеку од набљудувачот (пред штитот). Леќите се ориентирани вертикално за да овозможат светлината од субјектот да се дифузира кога поминува низ штитот. Светлината од позадината на субјектот се прекршува кон набљудувачот кој не може да го забележи субјектот кој се крие зад штитот.
По тестирањето на повеќе форми, агли и длабочини на леќи, како и начини за нивно монтирање на скеле, тимот се реши на техника која дури и не бара токсични смоли кои се вообичаени во таквите конструкции.
Штитот најдобро функционира на еднообразни позадини како што се зеленило, трева, песок и небо, но исто така ќе работи добро и против ѕидови, обоени линии и шини, тврди компанијата на својата страница на Kickstarter.
%2Fimg%2Fiea%2FrV6nJlmM6X%2Fshields-1920.png&w=1920&q=75)
Целуиот механизам може да се рециклира исто како и отпадот што се создава при нивното производство. Компанијата, исто така, се поврза со логистички тимови кои работат на намалување на емисиите додека ги извршуваат своите испораки.
Компанијата веќе има обезбедено над 2600 поддржуваачи на Кикстартер, во моментот на пишување и се проценува дека ќе ги изврши своите испораки до декември оваа година.

