Опис на курсот:

Каде се наоѓа Гиза? Како биле изградени пирамидите? Како се развивале гробниците и стотиците украси во нив? Каков бил придонесот на Гиза во ова прво големо доба на древната египетска цивилизација, Старото Кралство?

Платото Гиза и неговите гробници, вклучувајќи ги величествените пирамиди и големата Сфинга, се возбудливи примери на античката египетска архитектура и култура. Тие даваат поглед кон древното египетско општество , но содржат и мистерии кои чекаат да бидат открени. Египетските пирамиди во Гиза даваат можност да се истражи историјата на археологијата и со некои од современите методи кои ја обликуваат дисциплината и денес.

Овој воведен курс ќе ги истражува уметноста, археологијата и историјата околу пирамидите во Гиза. Ќе научите за египетските фараони и високите функционери од ерата на пирамидите, ќе ги следите стапките на големите експедиции од 20 век и ќе откриете како врвните дигитални алатки како 3Д-моделирањето ја преобликуваат дисциплината на египтологијата.

Придружете ни се на ова онлајн пaатување до најпознатиот археолошки локалитет на древниот Египет додека ја откриваме историјата и значењето на Гиза и користиме нови дигитални техники за да ги откриеме мистериите на неговите древни гробници и храмови.

Јазик: Англиски

Прочитајте повеќе на : Harvard.edu