Алист Лизаралде почнал да ги илустрира плановите на просториите од ТВ локациите пред речиси 15 години. Првиот што го создал бил фиктивниот стан на Фрејзер во Сиетл. „Пред многу години го направив планот на Фрејзер поради лично задоволство“, вели уметникот за My Modern Met. „Навистина ми се допадна серијата и неговиот елегантен стан, па сакав да го видам како модел“. Тој решил да го сподели на социјалните мрежи за другите фанови да уживаат, но тука започнала приказната.

‘Friends’
„После неколку години, една пријателка ми рече дека треба да го направам планот на „Пријатели“, па го направив тоа“, се сеќава Алист Лизаралде. „Таа исто така беше голем обожавател на Сексот и градот, па потоа ме замоли да го нацртам станот на Кери Бредшо. И тогаш направив друг, а потоа друг… “. Досега има направено 150 планови, од кои околу 80 се од ТВ емисии, а останатите се од филмови, вклучително и некои ажурирани верзии или преправки.


The Simpsons’
Алист Лизаралде го креира секој детален план на објектот на хартија со моливи во боја и маркери. „За мојата работа како дизајнер на ентериер користев софтвер за дизајн и за плановите и за рендерирање, но за овој проект претпочитам да ја задржам old school техниката“. Покрај вистинското време што му е потребно за да црта, има часови на истражување, од повторно гледање на серијата, до правење белешки и утврдување на мерењата на секој елемент. „Тоа е нешто многу слично на решавање загатка, бидејќи обично има празни места кои мора да се лоцираат и меѓусебно да се поврзат, вклопувајќи ги во други простори“.

‘The Office’
На крајот, неговата работа се исплатеше, бидејќи книгата е доказ за одличните локации кои ги обликуваа нашите омилени приказни низ годините. Можете да ги најдете во Behind the Screens: Illustrated Floor Plans and Scenes from the Best TV Shows of All Time на Bookshop и Amazon. За да останете во тек со Алист Лизаралде, можете да го следите и на Инстаграм.

