Студијата фрла светлина врз генерирање и пренос на бучава на каналните, односно пропелери во цевка. Овие мотори црпат воздух и од предната страна и од површината на телото на авионот и работат со висока ефикасност, намалувајќи ја потрошувачката на гориво во споредба со традиционалните мотори.
Воден од Фероз Ахмед од Бристолската школа за цивилно, воздушно и дизајн инженерство и под надзор на професорот Махди Азарпејванд, тимот идентификуваше различни извори на бучава што произлегуваат од каналот, ротирачкиот пропелер и протокот на воздух над закривената површина на телото на авионот.

„Нашата студија се занимава со ова итно прашање на бучава, што претставува голема пречка за добивање сертификати, со откривање на физиката зад бучавата што ја произведуваат овие конфигурации. Со разбирање на механизмите за бучава кај попелерите во цевка, осносно канал со BLI, се надеваме дека може да се развијат индустриски насоки за потивки погонски системи интегрирани во авионската рамка во идните концепти на авиони, од конвенционални авиони од големи размери до мали електрични со вертикално полетување и слетување, познати како eVTOL, авиони“. објасни Ахмед.
„Нашата студија фрла светлина на тоа како бучавата се генерира од футуристички вградени канални мотори монтирани на заоблени површини на воздушната рамка, откривајќи дека моделите на бучава се разликуваат во зависност од нивото на потисок на пропелерот, нудејќи клучни сознанија за потивок дизајн на авиони од следната генерација“, заклучил на крајот.
