Па така, посегнавме во минатото за да погледнеме некои од најпознатите слики и скулптури од историјата на уметноста и ја составивме нашата листа на најпознати уметнички дела на сите времиња. Од антички грчки статуи до импресионистички ремек-дела, овие уметнички дела се важни маркери на западната култура, а дознавајќи нешто повеќе за нив, ќе преминете од главните уметнички движења како италијанската ренесанса до реализам, импресионизам, кубизам и многу повеќе. Нашата листа кулминира во 1940-тите, создавајќи временска рамка која опфаќа векови на уметност која продолжува да влијае на нашиот свет денес.

Неколку познати уметници се најдоа на листата и по двапати, почнувајќи од Леонардо да Винчи и Микеланџело, завршувајќи со Клод Моне и Пабло Пикасо. Уметничките теми преминуваат од митологија и религија, како што е примерот на Создавањето на Адам на таванот на Сикстинската капела, до историската тема која допира до главните моменти како Француската револуција. Други дела, како Девојката со бисерна обетка на Вермер, се едноставни портрети кои продолжуваат да ја пленат нашата имагинација. Има дури и еден, Големиот бран кај Канагава, кој ја претставува незападната традиција.

На линкот подолу, скролајте надолу за да ги видите 37-те познати уметнички дела кои оставиле свој белег во историјата и кликнете на линковите за да го откриете значењето и историјата на секое парче.

Прочитајте повеќе на : mymodernmet.com