Истражувачите забележале јапонски сипки како прават гест „по тебе“, како што го нарекуваат: птица мавта со крилјата, поттикнувајќи го својот партнер прв да влезе во гнездото. Откритието, објавено во Current Biology од 25 март, „покажува дека јапонските сипки не само што користат мавтање со крилата како симболичен гест, туку го користат и во сложен социјален контекст кој вклучува испраќач, примач и специфична цел, слично како што комуницираат луѓето“- вели биологот Тошитака Сузуки од Универзитетот во Токио.
Сузуки ги слуша повиците на јапонските сипки (Parus minor) повеќе од 17 години. За време на неговиот долг престој на полето, тој забележал дека јапонските сипки кои носат храна во гнездото понекогаш се качуваат на гранка и мавтаат со крилјата. Во тој момент, нивните партнери ќе влезат во гнездото. „Ова ме наведе да истражам дали ова однесување ги исполнува критериумите за гестови“, вели Сузуки.
Сузуки и Норимаса Сугита, истражувач во Националниот музеј на природата и науката во Токио, забележале осум парови кои патуваат 321 пат до нивните гнезда. Брзо се појавила шема: женките мавтаат со крилјата многу почесто од мажјаците. Женките скоро секогаш први влегуваа во гнездото – освен ако не мавтаат со крилјата. Во тој случај први влегуваат мажјаците.