Некое време го молев да слезе и да седне на скалите, и на крајот го направи тоа. Седнавме на тротоарот на јужната страна на Лифи и разговаравме околу 45 минути, за тоа што му се случува, зошто се чувствува така… Не можев да го оставам сам, но морав да одам, па морав да ѕвонам во брза помош.

Му реков дека можат да му помогнат да се чувствува подобро. Но, тој беше како „те молам, те молам, не им се јавувај, добро сум, само сакам да прошетам малку, ќе бидам добро!“ Го замолив да ми дозволи да заѕвонам во брза помош, дека нема да спијам знаејќи дека шета сам. Затоа заѕвонив и тој беше однесен во болницата Сент Џејмс.

Го добив неговиот број за да знам што се случува со него по некое време… И пред околу три месеци ми пиша дека неговата сопруга е бремена, очекуваат момче и имаат намера да му го дадат моето име. Можете ли да верувате во тоа?

Ќе си го крстат детето по мене… Ми рече во тој момент кога му пријдов, за малку што не скокнал, а тие неколку зборови му го спасиле животот. Дека сè уште му ѕвонат во главата секој ден збороивите: „Дали си добро?” Не можам навистина да разберам како овие неколку зборови би можеле да му го спасат животот, но тој ми рече: „Замисли никој никогаш да не те праша тие зборови“.

Прочитајте повеќе на : facebook.com