Проектот за производтво на еко плочки од отпадна ПЕТ пластика е прв од ваков вид во нашата земја и во наредните 14 месеци ќе биде финансиран од Глобалниот еколошки фонд. Истиот ќе се спроведе со партнерство со компанијата за собирање отпад ,,Близнак Ком“, исто така од Гевгелија.
„Големо задоволство ни претставува што, паралелно со уште една компанија од Кочани, за прв пат во нашата земја ќе имаме можност да произведуваме еко плочки од отпадна ПЕТ пластика кои на пазарот ќе излегуваат како веќе сертифициран производ, велат од гевгелиската компанија и здружението ,,Еко Лајф“
Пластиката којашто не се рециклира е набавена од физички и правни лица и во погоните на партнерската организација се преработува во плочки за надворешно уредување. Со овој проект се очекува да се намали пластиката во Гевгелија, но и пошироко во земјата. За производство на една еко плочка потребни се дестина килограми отпадна пластика, а дневно се произведуваат 6 квадратни метри еко плочки.
Глобалниот еколошки фонд споменатиот проект ќе биде финансиран преку Програмата за мали грантови на Република Северна Македонија.


