Откако Стјуарт ја објави тажната вест за време на шоуто, директорката на засолништето на Animal Haven, Тифани Лејси изјави за TMZ дека донациите во шелтерот почнале да се слеваат. За само неколку дена за засолништето се собрани речиси 25.000 долари.

Таа сподели дека некои луѓе се распрашуваат за посвојувања, додека други купуваат предмети од списокот со желби на Амазон на Animal Haven, вклучувајќи ќебиња, крпи, играчки и хранливи задоволства.

Animal Haven објави трогателна почит на Стјуарт и неговото семејство на Инстаграм: „Нашите срца се кршат заедно со Џон и целото негово семејство поради загубата на Дипер. Секој ден ги сместуваме кучињата и мачките во домови со љубов. Сите тие се многу среќни. Но, Дипер навистина го доби џекпотот тој ден и најде дом во кој луѓето што живеат во него се стремат да ги третираат животните на највисоко ниво“.

“Од дното на нашите срца, ви благодариме на сите што овозможивте уште поголема спасувачка работа и ни овозможивте да продолжиме со нашата мисија за наоѓање домови за мачки и кучиња на кои им е потребна нега“- изјавиле вработени во шелтерот.

Прочитајте повеќе на : facebook.com